Здружение на граѓани АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ПУЛМОНАЛНА ХИПЕРТЕНЗИЈА.


АПХ МОМЕНТ ПЛУС

Зошто е потребно дејствување за пулмоналната (белодробна) хипертензија (PH)

Повеќето од нас не му придаваат премногу значење на дишењето. Но не и луѓето кои живеат со неа. Пулмонална хипертензија (PH) е општо познат поим кој вклучува група од неколку хронични заболувања кои влијаат на белите дробови и срцето. Некои форми на PH се ретки, но истовремено брзо напреднуваат и можат да бидат исцрпувачки и смтроносни. Во PH, артериите што носат крв од срцето до белите дробови се стеснуваат од причини кои сеуште не се потполно разјаснати. Срцето се обидува да пумпа крв низ стеснатите артерии, а тоа резултира во висок крвен притисок и проширување на срцето. На крај, срцето е исцрпено и таквата негова состојба може да доведе до смрт.Причините за пулмоналната хипертензија понекогаш не се познати (идиопатска форма), во други случаи може да бидат секундарни, како последица на друга болест (наследни кардиопатии, колагенопатии, хипертензија,HIV, користење  на лекови за слабеење).Важно е болеста да биде дијагностицирана навреме,да се преземат итни мерки и да се започне адекватна терапија.



Our Services


 

СИМПТОМИ
Без разлика на подвидовите на белодробната хипертензија, симптомите на РН имаат тенденција да не бидат доволно карактеристични за да обезбедат едноставна дијагноза. Како знаци и симптоми на РН може да се вбројат:
● недостаток на воздух (губење на здивот) за време на рутински активности, како качување на скали. Тешкото или непријатно дишење е познато како диспанеа, а кога РН болеста станува сериозна, овој симптом може да се појави дури и кога пациентот се одмара.
● Замор
● Вртоглавица или зашеметеност
● Забрзан пулс
● Напади на несвестица (напади на астма)
● Болки во градите
● Отекување на зглобовите, стомакот, и/или нозете
● Сина или модра боја на усните и кожата
Како што се влошува состојбата на РН болеста, на пациентите им станува тешко да извршуваат било каква физичка активност, спречувајќи ги во можноста да ги извршуваат дури и наједноставните активности. Затоа, секојдневните активности на пациентите често се намалуваат, а кога е побарано од нивниот лекар, тие прикажуваат значително намален квалитет на животот. Во напреднати фази на болеста, пациентите се истовремено и изнемоштени и зависни.


Дефиниција

Пулмонална хипертензија е дефинирана како ненормално зголемување на крвниот притисок во белодробните артерии. Како дефиниција за Пулмонална Хипертензија претставува состојба при која средната вредност на пулмоналниот(белодробен) артериски притисок (mPAP) е еднаков на или поголем од 25 mmHg. Вредности под 20 mmHg се сметаат за нормални, вредности помеѓу 21 и 24 mmHg се нарекуваат граничната вредност (eng. borderline PH)..


 


Проблеми

Пулмоналната хипертензија (PH) е тешко заболување со кое сериозно се
ограничува работата на телото и може да заврши со смрт. Таа сериозно влијае врз
секојдневните активности. Може да предизвика серија од различни други заболувања
(на пример, белодробни или срцеви заболувања или згрутчување на крвта), но и други
за кои причините не се непознати. Во некои случаи таа е наследна. Пулмоналната
хипертензија се појавува во разни форми, од кои некои се и ретки. Без разлика, се
појавува независно од возраста или етничкото потекло и може секој да ја добие, .Нешто што е толку разбирливо и потребно за живот, како дишењето, може да биде голем напор за луѓето со пулмонална хипертензија, што понекогаш може да ги уплаши или обесхрабри.
Додека за повеќето од нас дишењето е автоматско, за луѓето со пулмонална хипертензија секој здив е предизвик.

Преваленца

Над 25 милиони луѓе низ светот се погодени од пулмонална хипертензија.i
Постојат неброени потенцијални причини, од кои дел се наследни, но понекогаш и
самата болест се појавува без некоја посебна причина. При пулмонална хипертензија
доаѓа до стеснување на артериите и крвта од срцето оди во белите дробови без некоја посебна причина.

Срцето мора да ја испумпа кртва преку стеснатите артерии што води
кон голем крвен притисок во пулмоналните крвни садови и кон десно срцево
зголемување, што води кон истрошување на напнатото срце и подоцна кон целосно
откажување и смрт. Во Европа околу 15 до 52 лица на милион луѓе се
погодени од РAH, а годишно се откриваат околу 2,4 нови случаи на милион
луѓе.

Форми на оваа болест

Постојат пет различни форми на оваа болест, некои од нив ретко напредуваат
брзо и го отежнуваат и загрозуваат животот. Тие се:
1. Пулмоналната артериска хипертензија (PAH) ретко, хронично, прогресивно и
отежнувачко заболување, кое чини пари и води кон смрт. ПАХ може да биде
идиопатска (значи дека нема познати причинители) или може да се појави со
вродени срцеви мани, заболувања на сврзното ткиво, ХИВ инфекции или други
болести или заболувања. Во Европа околу 15 до 52 лица на милион луѓе се
погодени од РAH, а годишно се откриваат околу 2,4 нови случаи на милион
луѓе.
2. ПХ кај срцеви заболувања на левата комора е последица од мани во
митралните залистоци и од долготраен крвен притисок. Срцевите заболувања
на левата комора се веројатно најчестите причини за пулмонална хипертензија.
3. ПХ со белодробни заболувања и хипоксемија е подтип на ПХ поврзуван со
белодробни заболувања како COPD и нарушувања во дишењето поврзани со
спиење, како апнеа во спиење. Може да се резултат од заболувања што го
оштетуваат белодробното ткиво.
4. Хроничната тромбоемболична пулмонална хипертензија (CTEPH) се појавува
преку згрутчување на крвта во белите дробови или поради заболувања што
предизвикуваат згрутчување. Честопати се третира несоодветно и пациентите
вообичаено не се доволно свесни – или немаат пристап – за хируршките опции.
Распространетоста на CTEPH не е позната и постојат индикации дека не се
дијагностицира доволно.
5. PH на основа на необјаснети причини со повеќе (различни) фактори:
Пулмоналната хипертензија може да се предизвика и преку други болести и
заболувања, меѓу другото преку крвни и метаболички болести или системски
заболувања, или, пак, преку други причини, како што се тумори што ги
притискаат пулмоналните артерии или бубрежни заболувања.


 

 

Пулмонарната хипертензија може на нападне било кој од нас. Борбата да се направи нешто што е толку автоматско и суштинско за животот како што е дишењето е истовремено и застрашувачки и обесхрабрувачки. Луѓето кои живеат со РН се предизвикани да се соочат со оваа едноставна активност, која од повеќето од нас не е сериозно сфатена.