ДЕН НА РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ-ЃУРЃИЦА ЌАЕВА: РЕТКИ СМЕ!МНОГУ СМЕ!СИЛНИ СМЕ!. ДОДЕКА ДИШАМ СЕ НАДЕВАМ.

Image result for rare disease day

Денес е 29 февруари, Светскиот ден на ретките болести. Ја замоливме нашата сограѓанка Ѓурѓица Ќаева која осум години војува битка со својата ретка болест, Пулмонална хипертензија, да ни ги пренесе своите размислувања за денешниот ден, и да и посакаме добро здравје.

„ Не можам да ги опишам чувствата на денешниот ден .Тоа се бура од чувства. Овој ден едноставно ме потсетува дека не сум обична,дека сум ретка и тоа веќе полни 8 години.Од една страна тоа е привилегија затоа што запознаваш сосема нов и друг свет на луѓе кои страдаат ,се борат со полни гради за животот,за многу малку и што за обичен здрав човек е секогаш земено здраво за готово.Стануваш дел од една голема ретка фамилија.Од друга страна постојано чувствувам бес затоа што секој ден е предизвик за здив и некогаш си мислам ,со што го заслужив ова.Многу често чувствувам тага што го немам веќе тој мој вообичаен живот.Еднставно се околу има другачија смисла. Но на крај, кога ќе собереш се ,тука е и среќата што се уште сум жива,го дишам и уживам животот со моите најмили ,посебно мојот син кој е мојата причина за секој ден да се разбудам и продолжам со овој живот некогаш многу горок ,некогаш полн со болка,а некогаш без здив.Сепак среќна дека ја запознав другата страна на животот , еден по друг живот ,едноставно во тешките моменти спознаваш и препознаваш многу лицемерие ,но сепак секогаш продолжувам со тоа пушти се и продолжи понатаму.“

Image may contain: 2 people, selfie and closeup


Да ги обоиме нашите дланки, за оние на кои навистина им треба нашата поддршка!
5 прсти на една дланка обоени со боите на ретките болести е за 5% од ретките болести за кои има лек!
Една обоена дланка претставува поддршка за пациентите со ретки болести!
Само за 5% од ретките болести има лек!
А не има 300 000 000, колку поразително!.

Image result for rare disease day


Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за постоењето на ретките болести. Од почетокот на неговото одбележување во 2008 година, се организираат илјадници настани низ светот. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен со учество на 94 земји во 2017 година.

Image result for rare disease day

Превземеон од Телевизија Нова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *