#ОСТАНИДОМА: ЃУРГИЦА ЌАЕВА

ЖИВОТ СО РЕТКА БОЛЕСТ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНАВИРУС.
ТЕШКО Е, НО ЗА ДА НЕ БИДЕ ПОТЕШКО,СЕДЕТЕ ДОМА И РАДУВАЈТЕ СЕ НА ЗДРАВЈЕТО КОЕ ГО ИМАТЕ

Image may contain: 1 person, closeup and indoor

Ви Благодарам Љубчо што многупати за Телевизија Нова пишувате и ги спомнувате нашите борби,успеси ,живот ,посебно за проблемите со кои јас лично се соочувам во различни периоди.
Да живееш со ретка болест ,само по себе е еден голем предизвик,да бидеш 1-2-10ти во милион.Секој ден е пред се борба со сам себе .Борба со околината,системот ,институциите,стигматизацијата.Милион прашања без одговор.
Моментално живееме во едно време каде ,паниката,стравот е до коски влезен во секој од нас поради новиот вирус кој одзема безмилосно животи без ред како викаат старите.Млади стари,различни вери ,од различни политички партии.Вирус кој беснее низ целиот свет.
Пациентите со Пулмонална Артериска Хипертензија се една од најризшчните групи во овој момент.При Пулмонална хипертензија, артериите што носат крв од срцето до белите дробови се стеснуваат од причини кои сеуште не се потполно разјаснати. Срцето се обидува да пумпа крв низ стеснатите артерии, а тоа резултира во висок крвен притисок и проширување на срцето.На крај, срцето е исцрпено и таквата негова состојба може да доведе до смрт.
Замислете што би можело да се случи доколку Корона вирусот го нападне веќе истоштениот организам ,истрошените бели дробови и слабото срце.
Дали е мојот живот променет во овоа време на светска пандемија? Како влијае на мене карантинот ?
Стравот постои,јас и така честопати сум со кислородна поддршка ,и не ни сакам да замислам што би можело да се случи .Психолошки секако влијае постојаното следење на новости и секако стресот предизвикува и мали кризи.И без овие мерки јас бев принудена веќе осум години да живеам еден вид изолација со минимална социјална блискост .Не ми е тешко што сум затворена дома затоа што веќе тоа е мојот живот. Не ми фалат излегувањата затоа што и така бев ограничена,единствено болна точка е што не можам да се видам со моите најблиски,мајка ми ,татко ми ,внуците.Тоа многу ми фали ,се гледаме преку прозорец . Затоа максимално се трудиме и јас и мојата фамилија да ме заштитат.Во контакт сум само со сопругот и синот и откако трае ова воопшто не сум излегла никаде.Се што се носи од надвор го дезифицираме. Па се надевам дека ќе успееме да се исчуваме.
Во однос на терапијата.Засега сме подмирени со терапијата која ја користевме.Се надевам дека ќе ја добиеме следната пратка во вообичаениот период.За новата терапија која требаше и беше во тек тендер немам информации.Искрено мислам дека не е ни момент и би било себично од мене да барам одговори во овој момент кога многу луѓе и цел здравствен систем е пред колапс.
Имам само една порака до сите,утешно е што сето ова се броени денови .Тешко е ,но за да не биде потешко седете дома и радувајте се на здравјето кое го имате.

Image may contain: 2 people, possible text that says 'Breath'

Извор Телевизија Нова https://www.facebook.com/televizija.nova.3910

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *