ЃУРГИЦА ЌАЕВА: ОВАА ГОДИНА 5 МАЈ, СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПУЛМОНАЛНАТА ХИПЕРТЕНЗИЈА ГО ПРОСЛАВУВАМЕ ВИРТУЕЛНО.

ШЕСТМИНУТНО ОДЕЊЕ ПЕШ ЗА ЕДЕН ПАЦИЕНТ ОД ОВАА БОЛЕСТ Е КАКО ТРЧАЊЕ МАРАТОН ЗА ЗДРАВ ЧОВЕК.

Image may contain: 17 people, people smiling, people standing

Во 2012 година, во Мадрид, Шпанија се одржа научен симпозиум и прва прослава на Светскиот ден на ПХ. Денот беше официјално одобрен од 22 здруженија на пациенти, 10 организации со ретки болести и осум научни здруженија. 5 мај првично беше избран за Светски ден на ПХ бидејќи тоа е годишнина од смртта на првото дете во Шпанија од пулмонална хипертензија како резултат на токсично масло од семе од репка пред повеќе од 30 години. Две години потоа на 5-ти мај 2014, за првпат во Македонија, во Гевгелија, се одбележа светскиот ден на пулмонална (белодробна) хипертензија. Глобалната кампања за подигање на свеста за постоењето на оваа ретка, смртоносна болест во цела Европа е под мотото Остани без ЗДИВ (GET Breathless for Pulmonary Hypertension). За еден пациент со белодробна хипертензија секој здив е предизвик. Претседател на асоцијацијата на пулмоналната хипертензија на Македонија “Момент плус” е г-ѓа Ѓургица Каева.Асоцијацијата Пулмонална Хипертензија „Момент Плус“ како дел од ПХ Европа, овој ден го одбележа во Гевгелија каде се одржа почесен маратон, забавен дел со зумба танчери, мали хип-хоп изведувачи, балет и музички дел од познати изведувачи како Бени, Игор Узунов и млади таленти од Македонски Идол.
Оваа година, здружението на посебен начин го одбележува овој ден. Еве што, за тоа вели Ѓургица.
5 Мај е светскиот ден на пулмонална хипертензија ,годишен глобален настан за подигнување на свеста за пулмонална хипертензија (ПХ), тешка состојба која ги погодува белите дробови и срцето. На 5 мај повеќе од 80 организации ширум светот учествуваат во активности на за да ја подигнат свеста за оваа често погрешно дијагностицирана болест и да го слават животот на луѓето кои живеат со ПХ.
Оваа година поради ситуацијата со COVID19 откажани се сите јавни настани за одбележување на овој ден .Но постојат различни иницијативи ,од различни организации.Со поставување на рамки на фејсбук профилот за подршка,со слики од плави усни,облекување во пурпурно, плаво за овој ден. Објава на слики со маски за подршка на ситемедицински лица,посебно кои се грижат за ПХ пациентите .Обично со испишување на хаштаг #FlauntYourMask#PhoreverThankful#phday2010 ; #bluelips ; #phcure ; #pulmonaryhypertension ;#WorldPHday #pulmonalnahipertenzijaи многу други.
Како здружение и ние оваа година 5 мај го одбележуваме со виртуелна комуникација.Споделување на слики во рамка направени специјално од нашето здружение.Спомени од настаните од претходните години.Размена на материјали со меѓународни организации. Сето тоа може да се види на нашата фејсбук страна.https://www.facebook.com/PHMaced…/notifications/Белодробната хипертензија е заболување на крвните садови на белите дробови кое се карактеризира со зголемување на притисокот во белодробните крвни садови, а може да биде предизвикана од најразлична етиологија. Идиопатската белодробна хипертензија (ИБХ) се јавува во процент од 7-10 пациенти на 1.000000 жители. Во Македонија има околу 25 дијагнози. Нејзиното лекување е поврзано со употреба на специфична терапија, а исходот најмногу зависи од правовремената дијагноза. Златен тест за дијагностицирањето на ПХ е десно срцевата катетеризација, каде се проценува белодробната реактивност на вазодилататорната терапија.

Image may contain: Valentina Uzunova


Превземено од ТВНОВА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *