Се приближува Светскиот Ден на Пулмноална Хипертензија 5 Мај. Поради тоа во месецот мај здруженијата околу светот  го одбележуваат овој ден . Како дел и полноправен член од Европската Асоцијација за Пулмонална Хипертензија здружението  „Момент плус’’ и оваа година има организирано неколку настани кои ќе се случуваат низ месец Мај.

Оваа година овој период го започнавме со подршка од ракометниот клуб Партизан од Гевгелија кои Останаа Без Здив за пациентите со ПХ.

На 29 април младите ракометари со освојување на победа ни подарија уште една надеж. Да останеме силни иистрајни по овој наш пат без здив.

Еден повик до докторите,институциите ,медицински персонал:Не не заборавајте !!!

Нам ни е потребна терапија ,нам ни треба малку за да дишеме . За сега сме 10 пациенти и да не дозволиме со касно дијагностицирање ,без терапија да изгубиме човечки животи.Секој живот е скапоцен.

Ви Благодариме за подршката ,ви Благодариме што останавте без ЗДИВ за нас .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *