Планинарско друштво Кожуф Гевгелија 

Планинарското Друштво*Кожуф* Гевгелија останаа без здив уште еднаш за пациентите со Пулмонална Хипертензија освојувајќи два врва овој викенд  врв на Беласица врвот Радомир како и врв Конгур.

Искачување на вкупно 24,95км со рута прв ден врв Радомир 2029м (Хижа Беласица – Хижа Конгур) ,втор ден  врв Конгур 1951м. – Хижа Конгур – Хижа Беласица.

После врвовите Мусала, Гола Чука, Сокол
Уште една успешно организирана и остварена акција.Честитки до планинарите за издржливоста.

Голема Благодарност за хуманоста на Планинарското Друштво*Кожуф* Гевгелија кое со секое искачување не ги заборава пациентите со Пулмонална Хипертензија.

Планинарите посебно го знаат моментот како е при недостаток на кислород ,чувство на вртоглавица или буквално останување без здив.

Тоа е секојдневниот живот на луѓето со оваа болест. Со секое развиорување на ова знаме се подига свеста за постоње на оваа состојба.

Со една единствена порака до сите од обичен граѓанин ,до медицински пероснал ,до институции ,министерство за здравство ,фонд за здравство ,медицински специјалисти.

Не  не заборавајте ,само малку ни треба трошка разбирање за оваа состојба која може да придонесе до смрт.

Доктори навремена дијагноза,третман,клинички студии ,тоа е иднината за нас ,за подобар живот со повисок квалитет.

Оваа болест е невидлива ,но последиците не се невидливи.

Кога доаѓа оваа болест доаѓа не најавено и секој може да биде погоден.

Уште еднаш Благодариме .

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *