Центарот „Мајка Тереза“ Гевгелија се приклучи во активноста глобален поздрав #globalwave4ph .Фото кампања на социјалните медиуми со цел да се подигне свеста за Пулмоналната Хипертензија,да се покаже единство за луѓето што живеат со Пулмоналната Хипертензија за зајакнување на поддршката на здруженијата за Пулмоналната Хипертензија од целиот свет.Центарот „Мајка Тереза“,центар за лица со посебни потреби кој е наменет за индивидуална работа и третмани со оваа категорија граѓани директно даде голема подршка на пациентите

од целиот свет со Пулмонална Хипертензија.

Креативноста нема граници.

 

Им благодариме за креативните фотографии и пораката која ја носат.Благодариме на подршката затоа што навистина ни е потребна.Оваа болест е многу ретка,мал е бројот на пациенти ,а со заеднички придонес нашиот глас ќе биде посилен.

Во пресрет на денот на Пулмонална Хипертензија 5 Мај ова е вистински подарок за нас. некогаш она за некои малку е за нас многу .

Ова е центар кој е прв од ваков вид во Македонија,  работи со 30 лица со различни попречености.Она што го прави единствен овој Центар е индивидуалниот пристап кон корисниците, честите индивидуални часови со стручните лица, програми кои вклучуваат успешни и признати светски методи со докажани резултати и успеси во работењето со децата со посебни потреби, работењето на животните вештини и работното ангажирање најрано што е можно и фокусирањето на способностите и интересите на корисниците.

Повеќе за Центарот „Мајка Тереза“

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *