Здружението за пациенти со пулмонална хипертензија  кампањата за подигање на јавната свест за посетоење на ретките болести и пулмоналната хипертензија која е прогресивна хронична неизлечлива болест на белите дробови и срцето ќе ја одбележи со неколку активности низ текот на месец Мај .

Иако понекогаш желбата за „нормален живот’’ кој им е ускратен поради болеста на овие лица е преголема  тие не можат да имаат здрав живот, но може тој да биде квалитетен прилагодувајќи се на можностите.

Во духот на спортот и адреналиската еуфорија после трката на 5км и ракометарите на Вардар и Металург покажаа дека се достојни противници и подржувачи на ретките болести и ПХ.

Домаќините и гостите во брендирани маици на ПХ го започнаа и ја подржаа кампањата за ОСТАНИ БЕЗ ЗДИВ ЗА ЛИЦАТА СО ПХ на 11.05.017, а асоцијацијата беше почесен гостин на домаќините.  Воедно во знак на благодарност на пружената подршка председателот на Асоцијацијата Ѓурѓица им додели благодарници на екипите.

Бевме сведоци на борбена и енергична игра со многу поени и резултат кој иако му донесе на Вардар уште една победа, во овој натпревар победници беа сите кои несебично и гордо го облекоа првенствено дресот на Пулмонална хипертензија.

Иако Вардар го даде првиот гол момент плус кој го запазивме беше прегратката со подршка и благодарност од Стојанче Стоилов и Филип Кузмановски, прегратка и поклонетиот дрес на ПХ на публика од Тимур Дибиров, најискрениот аплауз од Арпад Штербик. Секако и громогласното скандирање на Комитите кои го поздравиа излегувањето на Ѓургица на теренот и на сите членови на тимовите на Вардар и Металург и целата публика.

Слики превземени од официјалната веб страна на РК Вардар https://rkvardar.mk/gallery/prvenstvo-vardar-metalurg-11052017

Повеќе слики во галерија https://www.facebook.com/pg/PHMacedonia/photos/?tab=album&album_id=1905423459680859

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *