И оваа година АПХ Момент Плус се приклучува кон Скопскиот Маратон и во име на здружението  имаше свои претставници.

Благодарение на организаторите на Скопски Маратон и прекрасните : Гордана Кузмановски-Николовска и Билјана Кузмановска се направи еден голем акцент на нашата борба за здив.

 

Имавме над 50 тркачи кои кои ги носеа маичките со логотот Остани без ЗДИВ во сите категории на маратон (42,2км,21,5км,5км).Оваа година  имавме подршка и од најдобрата и единствена жена -тркач Весна Кириџиева која не себично ги повика своите следбеници да се приклучат и поддржат  иницијативата да се остане без Здив за пациентите со пулмонална Хипертензија.

 

 

Еден од учесниците  оваа година е и Бугарскиот председател на здружението за пулмонална хипертензија Тодор Мангаров кој воедно е и пациент со оперирана Пулмонална Тромбоемболична  хипертензија,кој е во одлична кондициона подготовка.Здруженијата на двете земји се во континуирана соработка и размена на искуства и добри практики.

Тодор оваа година на маратонот заедно со Ѓургица Ќаева(пациент и претседател на македонското здружение за ПХ) во количка  го истрча триумфалниот круг за подршка на лицата со ПХ во Република Македонија кои сеуште немаат комплетен адекватен третман и мултидисциплинарен третман.

Веруваме дека на овој начин широката популација на гледачи ке може да ја препознае болеста и иако болеста тешко се дијагностицира  основаното сомнение ќе спаси многу пациенти во иднина да го пронајдат правиот пат во системот.

      

https://www.facebook.com/pg/PHMacedonia/photos/?tab=album&album_id=1901615140061691

https://www.facebook.com/pg/PHMacedonia/photos/?tab=album&album_id=1898897603666778

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *