ПЛАНИНАРСК ДРУШТВО ЗЕЛЕН РАЈ ВЕЛЕС земаа здив за пациентите со ПХ “Качи се на врв-земи здив, за живот“трета година по ред планинарите од планинарското друштво Зелен Рај традиционално го посветуваат овој марш за пациентите со Пулмонална Хипертензија

Повеќе од дваесетина планинари-хуманисти, почитувачи на традицијата на СПД „Зелен рај“ од Велес, на 13 и 14.05.2017, заедно со уште неколку планинари од Скопје и Битола,по трет пат ја одржаат манифестацијата “Качи се на врв-земи здив, за живот“ и покажаа дека никогаш нема да заборават дека околу нив постојат луѓе, како што се болните со Пулмонална хипертанзија, на кои им треба помош и анимација во секојденевниот живот.

Како и претходните години и овој пат манифестацијата беше несебично поддржана од најхуманата општина, Општина Чашка.Голема благодарност до сите нив!

Повеќе слики на нашата Фан фесјбук страна https://www.facebook.com/pg/PHMacedonia/photos/?tab=album&album_id=1911518379071367

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *