Прв меѓународен курс за Пулмонална Хипертензија

Прв меѓународен тренинг за пулмонална хипертензија спонзориран од PHA Europe и финансиран од UT.

На 20 и 21 ноември 2017 година, со поддршка на меѓународната организација за Пулмонална Хипертензија ПХЕвропа во Мадрид (Шпанија), беше одржан првиот теориски курс посветен на дијагнозата и третманот на пулмоналната хипертензија.Учесници на овој тренинг беа земји со ограничени финансиски можности.Меќу десетте претставници и учесници беше и Македонија.

Учеството во овој настан стана можно благодарение на соработката со Специјалната клиника „Жан Митрев“и др.Иван Милев  инванзивен кардиолог и педијатар во оваа болница. Курсот беше спроведен во Универзитетската болница 12 de Octubre, кој е референтен центар во Шпанија за третман на пациенти со пулмонална хипертензија. Научната програма на курсот беше насочена кон мултидисциплинарен пристап во третманот на пациенти со пулмонална хипертензија. Извршниот директор на тренингот беше професор Пилар Ескрибано – директор на Референтниот центар за белодробна хипертензија.

За време на курсот беа дискутирани не само меѓународни протоколи и препораки, туку и личниот став и специфики, како и практични моменти во дијагностиката и лекувањето на пациентите со пулмонална хипертензија.

Дискусија за нови пристапи како постојана интравенска инфузија на простаноиди кај пациенти со идиопатска пулмонална хипертензија и балон ангиопластика во хронична пост-метаболична пулмонална хипертензија на плитки гранки.

 Секој учесник имаше можност да разговара за проблемите со кои се соочуваат во нивните земји во третманот на пациентите со пулмонална хипертензија и опции за нивно решавање.

Ова е еден нов почеток и развој на повисоко ниво во однос на дијагноза ,пратење на ова ретка болест.

Благодарност До Специјалната клиника „Жан Митрев“и др.Иван Милев кои и овој пат не подржаа се со цел подобрување на состојбата на пациентите со Пулмонална Хипертензија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *