Порака од Жените од гранична полиција Гевгелија

Порака од Жените од гранична полиција Гевгелија

Ние како тим имаме визија, дека со малку човечност и трошка љубов ќе успееме да доведеме насмевка на некое невино лице,на кој на тоа ќе ни биде многу благодарно и секогаш кога ќе не сретне нас со благодарност ќе покажува велејќи дека сме богати луѓе. Богат не е оној кој има пари, туку оној кој има срце доволно големо за да ги згрее со љубов сите оние на кои им е потребна неговата помош. Хуманоста најмногу се покажува со дела, а најмалку со зборови. Затоа сите треба да бидеме хумани со дела и да започнеме да го менуваме светот.Зошто само малите луѓе се всушност големи.

А реакцијата од нивното изненадување остави длабок спомен за сите нас како здружение на пациенти ,а посебно кај Ѓургица која се бори за здив и со ретката болест Пулмонална Хипертензија. Со вакви потези не само што се подигнува свеста кај обичниот граѓанин ами е доказ за постоење на човечката хуманост и сочуство со болните од ретки болести кои се родени или здобиени низ животот со неоја болест.

Ѓургица

Ви Благодарам на моментот и подарениот здив и насмевка….
Ден како ден. Започна како секој друг ,но заврши со нови пријателства,возбуда од тоа што се може да ти подари животот,насмевки кои ќе ги паметам до мојот последен здив.Во моментот кога мислиш дека сите заборавиле на тебе и овој ден ќе биде обичен досаден ден со твојата ретка болест во кој како низа ги редиш испиените таблети ,го мериш кислородот ,притисокот и се потсетуваш на времето кога си имал сосема друго секојдневие ,се случува ,чудо.
Сабајлето кое ми почнува во 13 часот започна со : има потера по тебе од гранична полиција…..Хмм баш на осми март !?Што направив сега од дома седење ?
Беше мала шега која го навестуваше моментот.Жените од гранична полиција Гевгелија одлучиле да те изненадат и тоа што нивните колеги од машкиот пол го собираат за нив за подарок, сакаат да го подарат на тебе.
Ох ,Господи со што сум ја заслужила оваа големина ,овој гест оваа радост.Некој мисли на тебе ,не си сама (одекнуваа во мене зборовите ). ОВОЈ ден ,тие моменти ,моменти за кои се бориме ,за еден здив повеќе ,направија длабок печат во моето срце . Ви Благодарам е малку да кажам.Не можам ни да објаснам колку големо е и колку ми значи вашата подршка мили и прекрасни ,жени .Направивте да се почувствувам прекрасно,единствено 

https://www.facebook.com/GjurgicaKjaeva/posts/10215586172307964

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *