Искачен Црн Камен со поддршка за луѓето со пулмонална хипертензија

 

Тука сме како поддршка на луѓето со ретки болести, особено за нашите пријатели заболени од пулмонална хипертензија или белодробни заболувања, рече Игновски.

Фото: Зоран Игновски
 

Околу 150 планинари ја искачија највисоката планина во Југозападна Македонија, Јабланица, и нејзиниот врв Црн Камен. Планинарите од „Зелен рај” од Велес и овојпат со својот подвиг дадоа поддршка за луѓето со ретки болести.

– Тука сме како поддршка на луѓето со ретки болести, особено за нашите пријатели заболени од пулмонална хипертензија или белодробни заболувања – рече претседателот на С.П.Д. „Зелен Рај” од Велес, Зоран Игновски.

Црн Камен се наоѓа на 2.257 метри надморска височина. Ова, трето по ред искачување, беше во организација на планинарското друштво „За Камен” од Струга.

Прекрасните пејзажи, бујните реки, високите буки и заостанатиот снег не оставија никого рамнодушен.

– Дружењето, забавата и чувството дека се наоѓаш во една недопрена убавина, не може да остави никого рамнодушен. Голема благодарност до организаторот на овој настан кој направи прекрасна манифестација и дружење со надеж дека ќе се гледаме и наредните години – додаде Игновски.

Престојот на планинарите беше во Горна Белица од каде што беше и стартот на оваа несекојдневна планинарска тура. После неколку часови одење, следеше официјалниот дел, при што беа доделени благодарници за учество, а неизбежно беше и традиционалното планинарско гравче.

Фото: Зоран Игновски
Фото: Зоран Игновски
Фото: Зоран Игновски
Фото: Зоран Игновски
https://www.slobodenpecat.mk/makedonija/iskachen-tsrn-kamen-so-poddrshka-za-lugeto-so-retki-bolesti-foto/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *