За ПХ

Пулмонална хипертензија

Пулмоналната хипертензија е болест кој му се заканува на животот и која сериозно влијае брз способноста за извршување на секојдневните работи. Таа е состојба која се манифестира во неколку различни форми, во различни размери на распространетост и сериозност. Некои од нејзините подвидови се ретки состојби или болести кои можат да имаат сериозно исцрпувачки последици. Иако засега има одобрени третмани за лекување само за еден подвид на ПХ, иновативните истражувања нудат потенцијал за нови и подобрени третмани за лекување за сите подвидови – а со надеж, еден ден и лек.

Пулмоналната хипертензија може на нападне било кој од нас. Борбата да се направи нешто што е толку автоматско и суштинско за животот како што е дишењето е истовремено и застрашувачки и обесхрабрувачки.

Луѓето кои живеат со ПХ се предизвикани да се соочат со оваа едноставна активност, која од повеќето од нас не е сериозно сфатена.

Она што е сега потребно е луѓето заболени од ПХ да бидат соодветно дијагностицирани и навремено лекувани; соодветната терапија да им биде препишана на пациентите кои ќе имаат само корист од неа, и иновативните истражувања да продолжат да испитуваат нови и подобрени третмани за лекување се додека не се пронајде лек.

Овие потреби можат да се решат од страна на две релативно едноставни решенија, кои не само што ќе ги подобрат резултатите на ПХ пациентот, туку, исто така, ќе резултира со намалување на трошоците за општеството и здравствените системи.

Основањето на стручни центри за дијагноза, лекување и менаџирање со пациентите ќе придонесе за тоа луѓето кои се изложени на ризик и кои живеат со ПХ да бидат забележани, соодветно дијагностицирани и лекувани од страна на лекари со значително искувсто во ПХ кои ќе гарантираат дека скапите лекови нема да се над – препишаното.

Поддршката и финансирањето на иновативни истражување ќе помогне да се осигури дека новите терапии се развиени за оние ПХ подвидови за кои, во моментот, не постојат третмани, и дека подобрени третмани ќе бидат развиени за ПХ, се додека не се пронајде лек.

Дишењето не е активност која лицата кои живеат со ПХ ја земаат здраво за готово. Стручните центри и иновативните истражувања можат да помогнат нивните животи да се вратат во нормала.

Не дозволувајте да го задржуваме здивот, дозволете да продолжиме да се движиме напред!