Здружението АПХ МОМЕНТ ПЛУС

statu sken1

Здружението АПХ МОМЕНТ ПЛУС

Здружението АПХ МОМЕНТ ПЛУС Гевгелија е основано како непартиска, невладина и непрофитна организација, формирана врз основа на слободно и доброволно изразена волја на неговите членови здружени заради заштита на правата на лугето со заболување од Пулмонална Хипертензија и нивно потпомагање на територијата на град Гевгелија, Република Македонија и пошироко.Како полноправен член на Европската асоцијација за ПХ PHA Europe (Pulmonary Hypertension Association Europe – Европска организација за  пулмонарна хипертензија)
                    
Целите и задачите на Здружението се:
*-Заштита на луѓето со  Пулмонална Хипертензија,
*-Запознавање на општеството со особините на заболувањата, профилактиката или превентивната медицина, дијагнозата, лечењето, и рахабилитацијата на Пулмоналната Хипертензија со физиолошките и психолошките последици од нив,
*-Да се подигне свеста за постоењето на Пулмоналната Хипертензија во Република Македонија – како ретка и потенцијално смртоносна болест на белите дробови во која артериите на белите дробови се стеснуваат што резултира висок крвен притисок во белите дробови.
*-Формирање на специјализирани медицински центри (ПХ центар) , каде што пациентите на Пулмонална Хипертензија можат да бидат навремено дијагностицирани, третирани, со стручни доктори кои ќе работат во областа на подобрување на лечењето пациенти со Пулмонална Хипертензија.
*-Полесен начин до препорачаните лекови и покривање на трошоците за лекување од страна на здравственото осигурување,
*-Потпомагање, обединување, насочување и информирање на лугето со пулмонална хипертензија и нивно адаптирање кон општеството,
*-Потпомагање на професионален развој и квалификации на докторите во областа поврзана со профилактика, дијагностиката, лечењето и рехабилитација од Пулмонална Хипертензија,