СИМПТОМИ

СИМПТОМИ

Без разлика на подвидовите на белодробната хипертензија, симптомите на ПХ имаат тенденција да не бидат доволно карактеристични за да обезбедат едноставна дијагноза. Како знаци и симптоми на ПХ може да се вбројат:

  • недостаток на воздух (губење на здивот) за време на рутински активности, како качување на скали. Тешкото или непријатно дишење е познато како диспанеа, а кога ПХ болеста станува сериозна, овој симптом може да се појави дури и кога пациентот се одмара.
  • Замор
  • Вртоглавица или зашеметеност
  • Забрзан пулс
  • Напади на несвестица (напади на астма)
  • Болки во градите
  • Отекување на зглобовите, стомакот, и/или нозете
  • Сина или модра боја на усните и кожата
  • Сува кашлица

Како што се влошува состојбата на ПХ РН болеста, на пациентите им станува тешко да извршуваат било каква физичка активност, спречувајќи ги во можноста да ги извршуваат дури и наједноставните активности. Затоа, секојдневните активности на пациентите често се намалуваат, а кога е побарано од нивниот лекар, тие прикажуваат значително намален квалитет на животот. Во напреднати фази на болеста, пациентите се истовремено и изнемоштени и зависни.