Трансплантација

ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

Крајните мерки кои се превземаат во РН и РАН се трансплантација на срце и бели дробови и билатерална трансплантација на бели дробови. Трансплантацијата на органи им ја продолжува борбата за живот на пациентите со напредната РН. Со транспантацијата на бели дробови  се добиваат предности кои влкучуваат подобрување на хемодинамиката (протокот на крв), се тренира подносливоста, олеснато дишење, подолг опстанок. Испитувањата покажуваат дека ,, раната препорака на пациентите до стручните центри и трансплантацијата ги зголемуваат шансите добивање на најдобри резултати за пациентите заболени од оваа болест”.

Од оваа причина, трансплантацијата за РН пациентите треба да се врши само во специјализирани центри за лекување кои имаат големо познавање. Стручните центри треба да овозможат прекугранични упати и концентрација на стручноста кое ги надминува географските граници.

Сепак, трансплантацијата има и свои недостатоци недостатоци, како доживотно имуно потиснување (потиснување на имуниот систем на телото за да се намали веројатноста за отфрлање на трансплантираниот орган) и морбидитетот поврзан со зголемен ризик на инфекции и алографтско отфрлање (Алографт е трансплантација на орган или ткиво од еден човек на друг, освен од идентичен близнак).

Јас сум веќе на позајмено време. Во 2010 имав срцева слабост и ми дадоа два со четири месеци. Се наоѓам на листата за срцева/белодробна трансплантација и се надевам на таа трансплантација и дека ќе преживеам за да можам да поминам повеќе време со ќерка ми која сега има 2 години.

Кристи, Велика Британија

 

Затоа што трансплантацијата на орган е последната шанса која се превзема за пациентите кои веќе ги испробале другите можности за лекување и чии животи може висат на конец, потребата за донирање на орган е многу важна. За да се зголеми бројот на органи во Европската унија потребно е да се променат законите со што се претпоставува дека луѓето ќе донираат органи, освен ако самите одлучат да не донираат.

 

Покрај тоа, кај РН пациентите кои чекаат трансплантација често се случува болеста брзо да напредне, па затоа имаат покритична потреба за донација од некои пациенти заболени од друга болест. За жал, оваа итна потреба, во моментов, не се рефлектира доволно во различните системи за распределба на органи низ Европа. Затоа, треба да се иницира адаптација на алгоритмите за распределба на органи за да се задоволат потребите на пациентите со напредната фаза на РН.